Сијарто: Санкции кон Русија нанесоа поголема штета на Европската унија

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека западните санкции наметнати на Русија не успеале да стават крај на конфликтот во Украина и само ја влошиле економската ситуација во Европа и дека планираниот деветти пакет санкции нема да биде исклучок.

Loading...

„Санкциите нанесоа сериозна штета на сите, но за жал Европа сѐ уште не ја напуштила оваа политика“, рече министерот во видео-обраќањето објавено на неговата Фејсбук страница, пренесува ТАСС.

Според него, деветтиот пакет санкции, кој сега се подготвува, очигледно дополнително ќе ја влоши ситуацијата во Европа.

Изминатите осум пакети санкции покажаа дека секој од нив ни нанесе поголема штета на нас, Европејците, отколку на оние за кои беа наменети, рече министерот.

Тој додаде дека воведените санкции не успеале да го прекинат конфликтот во Украина, туку само им создале проблеми и тешкотии на земјите од Европската унија.

„Нашата цел е да ги браниме националните интереси на Унгарија. Не смееме да дозволиме санкциите уште повеќе да ја оштетат унгарската економија“, најави Сијарто.

Унгарскиот министер ги повика сите Унгарци да го кажат својот став за санкциите за време на консултациите на национално ниво во земјата, кои ќе траат до 15 декември.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...