Сигурно се сеќавате на кореографијата од „Макарена“, а еве како настанал хитот!

Сподели со своите пријатели

Лос Дел Рио за време на посетата на Венецуела биле на забава на еден претприемач, каде наставникот по танц ја покажал кореографијата што дуото подоцна ја прослави.

Антонио Ромеро Монж и Рафаел Руиз Пердигонес го основале дуото Лос Дел Рио уште во 1962 година, а нивниот хит „Макарена“ од 1993 година и денес е познат како една од најуспешните латински песни на сите времиња.

Loading...

Лос Дел Рио во раните 90-ти настапиле на голем број приватни забави, а тие беа поканувани низ целиот свет. Така, во 1992 година патувале во Јужна Америка, а додека биле во Венецуела, биле поканети на приватна забава од страна на претприемачот Густаво Циснерос. За време на забавата, локалната наставничка по танцување Дајана Патриција Кубилин Херера извела танц што го воодушевило шпанското дуо.

Антонио Ромеро Монж спонтано започнал да пее и во тој момент ги измислил стиховите на песната што подоцна станала нивниот најголем хит.

Песната првично била посветена на Дајана, но подоцна тие го смениче името во „Макарена“ и ја посветиле на ќерката на Монге, Есперанза Макарена.

Кога „Бејсајд Бојс“ во 1996 година го направија ремиксот на  „Макарена“ таа беше популарна низ целиот свет. Додадоа и англиски стихови и ја адаптираа песната на светскиот пазар, а танцот што се изведува во видеото е сè уште познат на сите. Едноставната кореографија до ритамот на „Макарена“ е една од најпопуларните во светот денес.

 

 

Песната беше со години на врвот на светските топ листи, но остана единствениот светски хит на дуото „Лос Дел Рио“, и покрај тоа што снимија неколку студиски албуми.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *