Сигурно не сте знаеле зошто е измислен вибраторот

Сподели со своите пријатели

Во минатото се верувало дека жените кои немаат сексуален живот оболуваат од хистерија. Таа теорија е отфрлена, но сепак многу се зборува за тоа колку активниот сексуален живот допринесува за физичка и психичка корист на здравјето кај жените.

Loading...

Името хистерија настанало од грчкиот збор hystera, што значи материца. Хистерија се смета за вид на невроза при што се присутни различни телесни, сензорни, моторички ментални пореметувања како што се напади на смеење и плачење, претерана раздразливост, страв, вознемиреност, тахикардии, мачнини, болки во различни делови од телото и слично.

Зборот хистерија настанал уште во античкиот период во Грција и пречките од хистерична природа најпрвин биле забележани кај младите вдовици.

Така наведените пореметувања се доведени во врска со незадоволениот сексуален нагон. Поради тоа долго време се сметало дека од хистерија боледуваат само жените, меѓутоа, оваа заболување може да настане кај двата пола.

Поимот „женска хистерија“, американското здружение на психијатри го користело до 50-те години од минатиот век, додека „хистерична невроза“ останала во Дијагностички и статистички прирачник за ментални пореметувања се до 1980 година.

За лечење на хистеријата голем број лекари користеле масаша на гениталиите. Целта била пациентите да ги доведат до „хистеричен пароксизам“ или оргазам кој предизвикува забрзано дишење, црвенило на кожата, навлажнување на вагината и контракции на абдоменот.

Оваа пракса најмногу се користела во викторинаскиот период, но во почетокот на 19-от век се раширила низ Европа и Соединетите Американски Држави.

Освен со масажа хистеријата се лечелла со вибратор кој се појавил кон крајот на 19-от век. Американската авторка Рејчел Мајнес во својата книга „Технологија на оргазмот“, вибраторот го опишува како електромеханички медицински инструмент кој помага на хистерични жени. Исто атка авторката тврди дека тоа е подобра метода од масажата.

Loading...

Во филмот Hysteria од режисерката Танија Векслер од 2011 година на шармантен начин е прикажано како настанал вибраторот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.