СИБРИГ и годинава со донација за кумановската болница (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претставници на Бригада на Југоисточна Европа – СИБРИГ кои се стационирани во кумановската касарна „Боро Менков“ веќе 17 месеци, денеска донираа ЕКГ апарат и апарати за неинвазивно мерење на крвен притисок за Општа болница Куманово.

Loading...

 

 

Според бригаден генерал Аристедеис Илиопулос, Командантот Бригада на Југоисточна Европа, ова е знак на благодарност за лекарите и сестрите кои две години работат во справување со пандемијата.

– Тука сме да понудиме симоболична донација на кумановската болница и на овој начин да ја изразиме нашата благодраност до лекарите и сестрите кои изминативе две години пружаат помош за заедницата во справувањето со Ковид панедмијата. Се чини дека панемдијата нема скоро да заврши и животот со пандемијата стана наша нова нормалност. Би сакал да им посакам да останат силни и безбедни и да продолжат да ја штитат заедницата и да им посакам среќни празници, здрваје, мир и нлагостостојба, изјави бригадниот генерал Илиопулос.

 

Loading...

 

Директорката на болницата Снежана Захариева упати благодарност за донацијата која, како што рече, ќе биде добредојдена.

– Благодарност до нив ова е еден убав гест во пресрет на празниците и за нас секако една добредојдена донација бидјеќи ова се апарати кои ние секоја година ги купуваме, но знаете и сами во период на зголемен обем на работа имаме и повеќе потреба за набавка на истите, изјави Захариева.

 

 

Инаку СИБРИГ и минатата година донираше заштитна опрема за болница во Куманово, а минатата недела донираше компјутери за ООУ „Крсте Мисирков“.

Никола Ивановски

Loading...