Си поднел оставка поради „култура на прегрнување“

Сподели со своите пријатели

Директорот и основач на шкотската модна компанија „Тед Бејкер“, Рејк Келвин поднел оставка поради обвинение дека наметна „култура на прегрнување“ во својата компанија.

Loading...

Клевин бил принуден да земе отсуство минатата година кога се појавиле обвиненија за злоставување, кои директорот ги отфрлил, пренесува АП.

Според зборовите на извршниот претседател Дејвид Бернстајн, Рејк Келвин, во светлото на обвиненијата изнесени против него, одлучил во интерес на компанијата да поднесе оставка за да компанијата продолжи понатаму под ново водство.

Реј Келвин го основал брендот „Тед Бејкер“ во 1988 година во Глазгов.

Аналитичарот Џорџ Салмон тврди дека Келвин бил клучен што „Тед Бејкер“ од една продавница во Глазгов станала глобална компанија вредна повеќе милиони фунти. Додава дека случувањата во текот на последните неколку месеци довеле до тоа почетната вредност на фирмата да исчезне.

Во петицијата која ја потпишале околу 2.000 работници се наведува дека Келвин барал од женскиот персонал да му седи во скутот, да му ги масира ушите, а во една прилика ја соблекол маицата и зборувал за својот сексуален живот, пишува Индепендент.

Leave a Reply