Си купил лажна лична карта во Албанија, па го привеле на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 22.15 часот на Граничен премин „Табановце“, за излез од Република Македонија се пријавило лицето Г.С. (25), кое приложило лична карта од Република Грција.

При извршената контрола, полициските службеници се посомневале дека личната карта е фалсификувана затоа што техниката на печатење на документот не била соодветна на оргиналната техника на изработка на грчки лични карти. Водениот жиг, исто така, не бил соодветно изработен.

Во разговор со полициските службеници, лицето изјавило дека е од Република Албанија и се вика С.Д. (26). Грчката лична карта ја купил во Тирана за сума од 800 евра од непознато лице. Од страна на полициски службеници, С.Д. бил лишен од слобода, а фалсификуваната лична карта со потврда за привремено одземени предмети му била одземена.