Си: Кина е подготвена да соработува со САД за да можат двете земји да одговорат на предизвиците

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина е подготвена да соработува со САД, без оглед на меѓусебните разлики, за двете земји да можат заеднички да одговорат на глобалните предизвици, објавија кинеските државни медиуми.

Loading...

Во писмото доставено до присутните на годишната вечера на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина со седиште во Њујорк, Си напиша дека клучните односи во светот зависат од тоа дали двете земји можат да воспостават соодветни односи меѓу себе.

Повикот на кинескиот претседател за постабилни билатерални врски, за кои рече дека треба да се градат врз принципите на меѓусебно почитување и мирен соживот, доаѓа пред клучната посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Вашингтон подоцна оваа недела, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и Си се очекува да се сретнат во Сан Франциско на ноемврискиот самит на АПЕК.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ќе се сретнат со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во петок во Вашингтон, објави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Според неа, на средбата ќе се разговара за отворените прашања меѓу двете земји, пренесува Танјуг.