Си го лажирала киднапирањето за да провери колку му значи на момчето

Сподели со своите пријатели

Една млада Германка решила да го организира сопственото киднапирање за да види до кој степен нејзиното момче ќе биде вклучено во акцијата за спасување, при што пет лица вовлекла во проблеми со полицијата.

Loading...

Според полицијата во германскиот град Бауцен, „непознати лица“ во понеделникот вечерта ја одвлекле младата жена во автомобил на бензинска пумпа, а потоа побегнале со полна брзина.

Нејзиното 22-годишно момче веднаш притрчало по автомобилот, кој на крајот бил запрен од полицијата.

– Она што тогаш го слушнале полициските службеници, дефинитивно не е секојдневна приказна – соопшти полицијата.

Се покажало дека киднапирањето го организирала девојка која сакала нејзиното момче да ја докаже својата љубов бркајќи лажен киднапер.

Сите инволвирани во „киднапирањето“ сега се соочуваат со обвиненија за кршење на ограничувачките мерки наметнати поради коронавирусот, како и за злоупотреба на службите за итни случаи.

Leave a Reply