Си Џинпинг: Кина подготвена да работи со САД во корист на двете земји

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина е подготвена да работи со САД во корист на двете земји, објави денеска кинеската државна новинска агенција CTV.

Loading...

На состанокот на Националниот комитет за кинеско-американски односи, Си рече дека Кина и САД, како големи светски сили, треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да обезбедат светска стабилност, пренесе Ројтерс.

Заострувањето на односите меѓу Пекинг и Вашингтон се случи по рускиот напад на Украина, односно заминувањето на американските политичари во Тајван во август.

Кина тогаш објави дека САД испраќаат „опасни сигнали“ во врска со Тајван, кој Кина го смета за свој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

Си неодамна рече дека ако е потребно, Кина никогаш нема да се откаже од употребата на сила во случајот со Тајван, додека американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека САД не сакаат конфликт со Кина.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.