Шверцер на мигранти удрил во полициско возило во кумановско, двајца повредени

Сподели со своите пријатели

Рано утринава околу 2 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот кон селото Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, 18 минути подоцна на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply