Шверцер на мигранти им избегал на полицајците во Куманово, но приведен во Скопје

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен жител на Скопје е лишен од слобода откако не застанал на полициската патрола во кумановско, а притоа превезувал 12 мигранти од Авганистан.

Loading...

– На подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, Б.И. со патничко моторно возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 лица мигранти од Авганистан, а при обид да биде запрен, го напуштил местото на настанот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите биле пренесени во ТЦ Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

Leave a Reply