Шведска предупредува на две истекувања на гас од гасоводот Северен тек 1

Сподели со своите пријатели

Шведската поморска управа во вторникот соопшти дека издаде предупредување за две истекувања од гасоводот Северен тек 1 во шведските и данските води, набргу откако беше откриено истекување во блискиот проект Северен тек 2.

Loading...

„Има две протекувања на Северен тек 1 – едно во шведската економска зона и едно во данската економска зона. Тие се многу блиску едно до друго“, изјавија за Ројтерс од Шведската поморска управа.

Истекувањето се наоѓа североисточно од данскиот остров Борнхолм, изјави портпаролот, пренесе Ројтерс.

„Ние дополнително се грижиме ниту еден брод да не дојде премногу блиску до локацијата“, велат од Шведската поморска управа.

Данските власти во понеделникот побараа од бродовите да останат што е можно подалеку од радиус од пет наутички милји југоисточно од Борнхолм, откако се случи истекување на гас од гасоводот Северен тек 2.

Подоцна во текот на денот, операторот на гасоводот Северен тек 1, кој работеше со намален капацитет од средината на јуни пред целосно да се исклучи во август, исто така откри пад на притисокот на двете линии на гасоводот Северен тек 1.