Шведската европратеничка Абир ал-Сахлани, која е родена во Ирак, ја отсече косата од говорницата на Европскиот парламент во знак на солидарност со антивладините демонстрации во Иран, кои беа предизвикани кога 22-годишната Махса Амини почина во морален полициски притвор.
– Се додека Иран не е слободен, нашиот гнев ќе биде посилен од гневот на оние кои вршат репресија. Се додека Иранките не се слободни, ние ќе бидеме со вас – рече Сахлани во Стразбур и потоа ги зеде ножиците.
Таа на курдски рече „жена, живот, слобода“ и си ја отсече косата врзана во опавче.
Traditionen att klippa av sig håret i protest är tusenårig.
Den visar att ilskan är starkare än förtryckarens makt.
Irans kvinnor har fått nog.
EU borde visa samma mod och ge dem fullt stöd. pic.twitter.com/0FdMB9XoXu— AbirAlsahlani (@AbirAlsahlani) October 4, 2022
Бинош и Ипрес си ја отсекоа косата
Познати француски актерки, меѓу кои и Жулиет Бинош и Изабел Ипер, исто така си ја отсекоа косата во знак на протест поради смртта на Амини, која беше уапсена во Техеран на 13 септември поради носење „несоодветна облека“.
Таа почина три дена подоцна во болница, предизвикувајќи бранови протести во кои животот го загубија над 130 луѓе.
– За слобода – рече Бинош кога ја отсече кафената коса и ја подигна кон камерата.
Нејзе ѝ се придружија и други популарни актерки и пејачки, меѓу кои Марион Котијар и Изабел Аџани, кои ја потстрижаа косата на звуците на италијанската протестна песна на персиски јазик „Bela Ciao“.
– Иранките очекуваат поддршка од меѓународната заедница. Ова е убав начин да се покаже таа поддршка – изјави за Ројтерс францускиот адвокат Ричард Седижу, кој ја иницираше акцијата.
French actress Juliette Binoche and a number of other well known French women cut part of their hair in solidarity with Iranian women protesting the regime in Tehran. #MahsaAmini #مهسا_امینی pic.twitter.com/e2EqQZOhNl
— Bahman Kalbasi (@BahmanKalbasi) October 5, 2022
– Ова е само првиот чекор, и се надевам дека ќе го следат сите во светот, не само актерките туку сите. И мажите би можеле да се шишаат, мислам дека тоа ќе се случи – додаде познатата адвокатка, чија постапка ја поддржаа бројни медиумски личности.
„Махса Амини беше злоупотребувана од полицијата за морал до нејзината смрт. Таа беше обвинета само за носење превез на непримерен начин. Таа почина затоа што откри неколку прамени од нејзината коса“, стои во текстот на видеото на Инстаграм објавено на „ Поддршка на жените“ профилот Иран“.
Објавата беше широко споделена на други социјални медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер.
Иранските власти се соочуваат со најголемите немири низ земјата во деновите по смртта на Амини, а протестите се проширија и во странство во знак на солидарност со иранските демонстранти.