Шведска повторно во проблем? Властите апелираат: „Носете маски“

Сподели со своите пријатели

Властите во Стокхолм денеска апелираа до граѓаните да носат маски во јавниот превоз, продавници и работни места.

Loading...

– Ние сакаме луѓето да користат маски во јавниот превоз цело време, особено во сообраќаен метеж – рече докторката задолжена за контрола на заразни болести Марија Росен Остлунд,

Во последниве недели, бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 27% во Стокхолм, пренесува АП.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека кривата на епидемијата во Шведска повторно се зголемува, додавајќи дека британската варијанта „се проширила многу брзо“.

Во Шведска досега се потврдени 642.099 случаи на коронавирус, а починале 12.713 лица.

Leave a Reply