Шведска: На гасоводите „Северен тек“ пронајдени траги од експлозив!

Сподели со своите пријатели

Истрагата за инцидентот на гасоводите Северен тек и Северен тек 2 потврди дека се работи за саботажа, соопшти шведската служба за безбедност.

Loading...

„Оваа истрага покажува дека гасоводите биле подложени на груба саботажа“, се вели во соопштението за печатот, пренесува руската РИА.

Одделот нагласи дека напорно работат на истрагата за експлозиите во Балтичкото Море.

Експертите внимателно ја документираа значителната штета на гасоводот.

Властите на Шведска, Германија и Данска објавија дека саботажата може да стане причина за вонредна состојба.

Кремљ инцидентот го нарече акт на меѓународен тероризам, а Јавното обвинителство поведе соодветна кривична постапка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Според руското Министерство за одбрана, претставници на британската морнарица, со седиште во украинскиот град Очаков, учествувале во поткопувањето на гасоводот.

Британија ги отфрли тврдењата како апсурдни и отфрла каква било поврзаност со експлозиите.

Loading...

– Анализите покажуваат траги од експлозив на неколку пронајдени страни предмети – изјави обвинителот Матс Љунгквист, кој ги истражува експлозиите.

Обвинителот додаде дека прелиминарната истрага може да покаже дали некој може да биде осомничен за сторено кривично дело.