Шведска ги осуди руските напади врз цивилни цели и инфраструктура во Украина

Сподели со своите пријатели

Шведска ги осудува руските напади врз украинската инфраструктура и цивилни цели, вклучително и ракетирањето на станбен блок во градот Днипро, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Loading...

„Шведската влада силно ги осудува континуираните, систематски руски напади врз цивили, цивилни цели и критични инфраструктурни објекти, вклучително и нападот на станбен блок во градот Днипро што се случи во саботата“, рече претседателот на шведската влада и додаде дека одговорните за воените злосторства ќе бидат повикани на одговорност, пренесе Ројтерс.

Оваа година Шведска претседава со ЕУ по принципот на едногодишна ротација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го објави клучниот услов на Украина за преговори со Русите

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.