Шведска ги одобри измените на антитерористичкиот закон

Сподели со своите пријатели

Шведската влада во средата гласаше за уставниот амандман за измена на законот за борба против тероризмот.

Loading...

Шведскиот Риксдаг ги усвои законските измени со 270 гласа „за“ и 37 „против“.

Новиот закон остава повеќе простор за ограничување на слободата на здружување на групите вклучени во тероризам, клучен услов на Турција да и даде на Шведска членство во НАТО.

Измените ќе овозможат предлагање и одлучување за закони кои забрануваат терористички организации или вклучуваат учество во криминални активности на терористички групи.

Левицата и Зелените во Шведска се спротивставија на измените на законот.

Амандманот го отвора патот за полесна кривична постапка против членовите на терористичката организација ПКК/ЈПГ или други терористички групи.

Исто така, ќе се погрижи шведската разузнавачка агенција да може да ги истражи оние кои објавуваат информации што им наштетуваат на односите на Шведска со друга земја или меѓународни организации, што на крајот може да доведе до четири години затвор.

Промената ќе стапи на сила од 1 јануари.

Loading...