Швајцарските глечери се топат побрзо од било кога

Сподели со своите пријатели

Поради рекордните температури во текот на летово швајцарските глечери се топат со рекордна брзина, предупредува дневникот „Блик“.

Loading...

Експертот од Универзитетот во Цирих, Матиас Хус, укажал на тоа дека во период од 14 дена во текот на топлотниот бран во јуни и јули забележан е губиток на 0,8 милијарди тони мраз и снег, што го оценува како „апсолутно неочекувано“.

Глечерите на Хималаи се топат двојно побрзо

Топлотните бранови во јуни и јули предизвикаа големо топење на глечерите, па така на Ронерглечер на Фуркапас веќе долго време е покриен мразот за да се успори топењето.

Исто так аи на Титлисглечер властите презеле мерки за претпазливост за да се спречи топењето.

Најголемиот глечер на Алпите во Швајцарија, Алечглечер, од 1870 годин се немалил за три километри, а само во последните децении топењето е забрзано.

НАСА предупредува: Џиновски глечер се одвојува од Антарктикот

Хус навел дека силните снежни врнежи минатата зима, во споредба со претходните години, биле добри за глечерите, а дека двата топлотни бранови ја вратиле состојбата на мразот и снегот на просечните вредности за изминатите 10 години, па дури и нешто под тоа.

Loading...

Leave a Reply