Швајцарија се соочува со недостиг на лекови

Сподели со своите пријатели

Здружението на фармацевти предупреди дека во Швајцарија има недостиг од лекови.

Loading...

Најголем проблем има со лековите за деца, пред се сирупите за намалување на температурата.

Но, недостигот ги погодува и лековите за крвен притисок, психијатриските пациенти и пациентите со Паркинсонова болест, објасни претседателот на Здружението, Енеа Мартинели.

Причините за недостигот се различни, од корона и заклучување во Кина, војната во Украина, до проблеми во синџирот на снабдување.

Некогаш, додава тој, недостасуваат состојки, понекогаш филтер, па дури и картон за пакување.

Покрај тоа, Швајцарија е мала земја и затоа не е многу атрактивна како пазар за фармацевтски концерни.

Федералните власти во моментов само ја следат состојбата на лековите кои спасуваат животи, но има и недостиг од нив, соопшти Федералната служба за економско снабдување.

– Што се однесува до снабдувањето со важни лекови за Швајцарија, годинава бележиме зголемување на бројот на недостиг. Се чини дека нарушувањата ќе бидат поголеми отколку во 2019 година, се наведува во одговорот на федералната служба до јавниот сервис СРФ.

Loading...

Лекарите веќе ја чувствуваат тешката ситуација, изјави Филип Лухсингер, претседател на Здружението на приватни лекари и педијатри.

Тој рече дека неговите колеги се соочуваат со потребата да бараат алтернативи за лековите.

Понекогаш се оди дотаму што се набавуваат лекови од странство – објасни Лухсингер.