Швајцарија нуди 20.000 евра за да се пресели кај нив: Но, има неколку услови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во последните години стана тренд одредени земји да нудат пари за да се преселите во нив. Ниската густина на населеност и се помалиот број на жители ги туркаат кон такви одлуки, а Италија предничи со селата на нејзините острови и на југот. Но, и Швајцарија е меѓу земјите кои сакаат да се преселите.

Loading...

 

 

Таа е една од најбогатите, најуредените, најбезбедните и најсреќните земји во светот. Швајцарската влада ги повикува возрасните под 45 години да земат 20.000 CHF (21.500 евра), со дополнителни 10.000 CHF (10.800 евра) по дете, доколку се преселат во алпското село Албинен.

Секако, постојат услови за тоа да се случи, а првиот од нив е да купите куќа вредна повеќе од 200.000 CHF (215.000 евра), да се обврзете да живеете во Швајцарија најмалку една деценија и да станете швајцарски државјанин.

„Швајцарија редовно се споменува како една од најбезбедните и најсреќните земји во светот. Албинен се наоѓа точно во средината на прекрасните швајцарски Алпи, па ако сакате да уживате во мирен начин на живот во една од најубавите земји во светот, размислете да се преселите во Албинен.

Иако Швајцарија е најдобра на многу начини, таа е и една од најскапите земји. Животот таму не е евтин, цените се високи, како и животниот стандард и условите. Но, стапката на криминал е исклучително ниска, а исто така е едно од десетте најдобри места за живеење во однос на здравјето.

Loading...