Швајцарија го одби барањето на Данска за извоз на оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Швајцарската влада не дозволи Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, а одлуката ја образложи со својата политика на неутралност, што значи дека не снабдува зони на вооружени конфликти, пренесува Ројтерс.

Loading...

Сојузниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) стави вето на понудата на Данска да и обезбеди на Украина околу 20 борбени возила на пешадија „Пиран III“, објави швајцарската телевизија СРФ.

Неутралната Швајцарија бара од странските земји кои купуваат швајцарско оружје да бараат дозвола за реекспорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која земја е најголемата нуклеарна сила во Европа?

Во април, владата во Берн стави вето на реекспортот на швајцарската муниција за тенкови испратени од Германија во Украина и го отфрли барањето на Полска за оружје што исто така треба да му помогне на Киев, пренесува Ројтерс.