Швајцарските власти ѝ забранија на Германија да испраќа муниција произведена во Швајцарија во Украина.
Забраната за помош на Украина преку Германија се заснова на намерата на Швајцарија да остане неутрална земја, објави француското радио Франс Инфо.
Станува збор за 12.400 парчиња муниција со калибар 35 мм наменети за противвоздушниот одбранбен систем Гепард.
Украина го побара тоа за да собори крстаречки ракети и дронови.
Германија има намера да испрати 30 системи Гепард во Украина, но ја немаше муницијата што ја купи од Швајцарија.
Француското радио соопшти дека договорите за оружје често содржат клаузули со кои се забранува препродажба на оружје, но Германија побара од Швајцарија да направи исклучок поради околностите.
Меѓутоа, Швајцарија го одби тоа и не е прв пат. Во април го одби ваквото барање од Германија.
Германија го оправда своето барање со образложение дека тоа е одбранбено оружје.
Но, Швајцарија не прифаќа дека нејзината муниција може да се користи во земјата за време на војната, бидејќи повеќе не би била неутрална.
Франс Енфо оценува дека тоа е малку лицемерен став. Швајцарија не се усогласува со ниту една страна во конфликтот, но ѝ додели на Украина 100 милиони долари хуманитарна помош.
Овие пари ќе и помогнат на Украина да се снабдува со вода за пиење и да ја поправи оштетената енергетска инфраструктура пред зимата.
Освен тоа, Швајцарија ги усвои сите санкции што Европската унија ги воведе против Русија од 24 февруари, кога започна руската инвазија на Украина, додава француското радио.
Радиото потсетува дека неутрална земја не значи и пацифистичка земја и наведува дека Швајцарија е во водечката група на земји со најмногу оружје по жител, со просечни 46 оружја на 100 жители.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.