Шумски пожар во Франција, евакуирани околу 540 луѓе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 540 луѓе се евакуирани поради шумскиот пожар кој беснее на југозападниот дел на Франција, во кој досега изгореа 1.300 хектари земјиште, додека четири куќи се уништени.

Loading...

Околу 350 пожарникари и шест авиони се борат со пожарот, кој избувна вчера во винскиот регион Медоц.

Изгореа четири куќи и неколку згради“, соопштија од департманот Жиронида.

Франција, како и остатокот од Европа, се бореше со топлотен бран и суша во текот на летото, што предизвика шумски пожари низ целиот континент.

Повеќе од 60.000 хектари земја се уништени годинава во Франција, од кои повеќето на југозападот на земјата, што е шест пати повеќе од годишниот просек за периодот од 2006 до 2021 година, покажуваат податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.