Штрајкот на лекарите ги загрозува пациентите, вели британскиот министер за здравство

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за здравство Стив Баркли објави дека четиридневниот штрајк на резидентните лекари, кој започна денеска, претставува ризик за безбедноста на пациентите.

Loading...

Во соопштението се додава дека овој штрајк е темпиран да предизвика што е можно поголем прекин во работата на здравствените установи по велигденските празници, пренесува Ројтерс.

Поради штрајкот ќе бидат одложени голем број операции и лекарски прегледи.

Десетици илјади лекари резидентни денеска почнуваат со протести барајќи покачување и подобро прилагодување на нивните плати со инфлацијата.

Британското лекарско здружение (БМА) сака зголемување на платите за 35 отсто, пренесува Танјуг.

Докторите резидентни, од кои има околу 75.000 во Британија, се подготвени да го прекинат штрајкот доколку министерот Баркли понуди соодветно зголемување на платите.

Министерот за здравство смета дека нивните барања се претерани.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...