Штотуку ја легализираа марихуаната, а веќе имаат проблеми

Сподели со своите пријатели

Не помина многу време од донесувањето на одлуката за легализација на канабисот, а Канада веќе се најде во проблеми. Залихите на марихуана бргу се топат, а продавниците едвај успеваат да ја намират зголемената побарувачка.

Одредени дуќани, како што пренесуваат тамошните медиуми, морале да псотават знак на кој ќе истакнат дека ја продале сета амрихуана и дека привремено ќе мора да ги затворат своите врати.

Канада е инаку втората земја во светот во која мариханата е целосно легална, по сите основи. претходно таков статус имаше само во Уругвај.

Од депото на полицијата исчезнале половина тон марихуана, полицајците со ХИТ објаснување

Канада на 17. октомври ја легализираше употребата на марихуана, а во некои делови од таа земја дојде до недостаток на истата.

Луѓето по промената на законот чекале во редици пред спцијализираните продавници кои продаваат ваков тип лесна дрога, па многумина од нив ги распродале своите залихи веќе првиот ден. Меѓутоа, не е тоа „проблемот“ кој ги задесил.

Интернет продавниците доцнеле со доставите, бидејќи бројот на нарачки бил преголем. Доцнењата продолжиле и во текот на оваа недела, затоа што службениците на поштата најавиле штрајк.

Марихуаната за медицински потреби во Канада е легализирана уште во 2001. година, а последните две години се работело на целосна легализација.

Според новиот закон, консумацијата на марихуана во Канада сепак има свои ограничувања. Така, ан рпимер, корисниците мора да бидат полнолтени, а одредени се и строги казни за оние кои продаваат канабис на малолетници.

Напуштен град станува оаза на марихуаната: Се отвораат фарми за канабис, а ќе има и посебен производ (фото)

На Канаѓаните им е дозволен само одреден број растенија кои можат да ги одгледуваат, а на јавните места со себе можат да имаат само до 30 грама марихуана.

Исто така, воведени се и касни за возачите кои управуваат возило под дејство на канабис. полицијата може да ги сопре сомнителните возачи и да го провери нивото на алкохол и дрога во крвта.

казните за прекршителите кај употребата на канабис обично се парични, но во некои случаи може да се одреди и затворска казна, пишува ВВС.

Leave a Reply