13.04.2018 14:14

Од депото на полицијата исчезнале половина тон марихуана, полицајците со ХИТ објаснување


Во Аргентина осум полицајци се разрешени од должност поради исчезнување на половина тон марихуана, но тоа не би било ништо ново и необично да не дале оправдување кое ќе ве шокира.

Внатрешната контрола открила дека исчезнале 540 килограми „трева“ од полициското депо во Плиар, градот кој се наоѓа североисточно од Буенос Аирес.

Хавиер Специја, поранешен начелник на полицијата во тој град и неговите колеги на судот изјави дека „сета дрога ја изеле глувци“.

 

loading...

 

Но, ги „закопал“ исказот од форензичарите кои на судот потврдиле дека е невозможно глувците дрогата да ја видат како храна, затоа што од толкава количина би умреле.

Инаку, во складот биле чувани околу шест тони мрихуана, а исчезнувањето го открил началникот Емилио Портеро кога го заменил стариот, горе споменат Специја.

Сомнежите тргнале кога властите откриле дека Специја се уште не го попишал инвентарот на депото, а бил должен тоа да го направи пред заминувањето. Специја пред заминувањето „заборавил“ и да ја пополни имотната картичка, што исто така му била должност.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments