07.12.2016 15:09

Што значат налепниците на овошјето?


Повеќето од нас сме забележале одредени лепенки залепени на овошките. Но, мора да признаеме дека никогаш не сме се потрудиле да ги прочитаме или да го пронајдеме нивното значење, бидејќи сметаме дека се само реклама на произведувачите.

Сепак, станува збор за неколку цифри кои што имаат скриено значење, кое е од особена важност за потрошувачите. Погледнете дел од нив и нареден пат, внимавајте на истите:

Четири цифрен број кој започнува со 4 или 3

loading...

Ако има само четири бројки на лепенката, тоа значи дека овошјето или зеленчукот, биле произведени со помош на модерна агрономска техника – вклучувајќи и огромни количини на вештачки ѓубрива и пестициди.

Пет цифрен број кој започнува со бројот 8

Ако го видите овој стикер, тоа означува дека овошјето било генетички модифицирано како дел од процес на созревање. Ова е ГМО храна, која предизвикува различни контроверзии. Многубројните истражувања покажуваат дека дињите, бананите и папајата се најчесто ГМО преработувани.

Пет цифрен број кој започнува со бројот 9

Ако го видите овој код, значи дека овошјето е созреано во фарма, со раце на фармерите и нема ниту една хемикалија. Ова се органски производи.

Ако овошјето или зеленчукот нема цифра

Повеќето луѓе се обидуваат да пронајдат овошја без лепенки, но ова може да е опасно, бидејќи секоја овошка која е увезена од странство мора да е транспортирана на овој начин. Ако нема лепенка, можеби истата е отстранета поради одредена причина, која сигурно нема да им се допадне на потрошувачите.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments