Што всушност претставува хидрогенска бомба? (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја наводно во среда тестирала термонуклеарна или хидрогенска бомба, која важи за најразорно оружје во светот.

Силата на хидрогенската бомба се заснова на експолизјата која се ослободува при фузија на изотопите на водород.

И атомската и хидрогенската бомба се вид на нуклеарно оружје, што значи дека енергијата се ослободува при нуклеарна реакција. Меѓутоа, начинот на кој се ослободува енергијата е различен, што доведува и до разлики во силата.

Една од најголемите разлики е што атомската бомба користи нуклеарна фисија која поголемиот атом ја дели на два помали за да ствои енергија.

Приказната за хидрогенската момба станала актуелна во 1942 година кога Едвар Телер, американски нуклеарен физичар со унгарско потекло, на јавноста ја претставил идејата за „супербомбата“. Телер сметал дека бомбата која би функционирала на ист начин како и Сонцето би била во состојба да ослободи незамисливо количество на енергија.

 

Loading...

Hidrogenska-bomba-1

 

Постоела логична полемика за исправноста на развивањето на едно вакво оружје, кое во 1950-те години го прекинал некогашниот претседател на САД, Хари Труман, наредувајќи да започне да се изработува хидрогенската бомба. Две години подоцна САД ја извршиле првата голема проба на малиот остров во Маршаловиот архипелаг.

Разорувачката моќ на експлозијата ги надминала сите очекувања. Нејзината јачина е проценета на 10,5 мегатони, што е 450 пати повеќе од јачината на бомбата фрлена во Нагасаки. Пробно островот буквално испарил, а на неговото место е створен подводен кратер широк 2 километри.

 

Hidrogenska-bomba-2

 

Набргу потоа тестирања биле извршени и во СССР за да не заостанат во трката за наоружување за време на Студената војна. Советите биле тие кои на Арктикот ја извеле пробата на т.н. „царска бомба“ – најсилна во историјата. При тестирањето во 1961 година настанала нуклеарна печурка висока 64 километри, а широка 40 километри, при што силината на експолизата достигнала скоро два проценти од јачината на Сонцето.

За среќа, до денешен ден хидрогенската бомба не го напуштила своето место од складиштата на голем,ите сили, па никогаш до сега не е употребена во некоја војна.