Што вели шефот на НАТО за разговорот Зеленски – Џинпинг?

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска соопшти дека го поздравува телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но дека тоа не го менува фактот што кинескиот претседател не го кажал клучното.

Loading...

Имено, тој изјави дека тоа што се одржале разговорите не го менува фактот дека Кина се уште не го осудила рускиот напад врз Украина.

Да потсетиме, кинескиот претседател разговараше со Зеленски во средата, за прв пат од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари минатата година, исполнувајќи ја целта на Киев, кој претходно со месеци го бараше тој разговор.

Тоа беше прв контакт меѓу двајцата лидери од почетокот на конфликтот во Украина, а Си му рече на Зеленски дека Кина ќе испрати специјални претставници во Украина и ќе разговара за решавање на кризата во таа земја со сите страни.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.