Што треба да вклучува исхраната ако страдате од проширени вени?

Сподели со своите пријатели

Страдате од проширени вени или имате предуслов за нивната појава? Тогаш сигурно знаете дека не треба да останете со прекумерна тежина и дека во вашата исхрана е добро да вклучите храна која е погодна за состојбата на крвните садови.

Loading...

Погледнете што е добро да се вклучи во своето дневно хранење, што е препорачливо да не надминува 5-6 мали оброци.

Консумирајте храна богата со витамин Ц

Ако страдате од проширени вени, препорачливо е да додадете во секојдневниот оброк храна богата со витамин Ц и Е. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој е потребен за производство на колаген и еластин – два важни елементи за сврзното ткиво, кои помагаат за одржувањето на силни и тонизирани крвни садови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали шумливите таблети се навистина здрави? Еве што велат експертите!

Овој така важен витамин ја подобрува циркулацијата. Затоа многу често неговиот дефицит се поврзува со појавата на проширени вени. Според експертите, во исхраната за проширени вени пациентите е добро да додаваат и витамин Е , кој добро работи заедно со витамин Ц.

Јадете храна богата со растителни влакна

Диеталните влакна може да се класифицираат во две главни категории – растворливи и нерастворливи. Растворливите влакна формираат нешто како гел во стомакот, создаваат чувство на ситост, додека нерастворливите влакна кои не се раствораат во вода, поминуваат низ цревата без да се задржуваат долго време во нив.

Растворливите влакна ни се потребни за балансирањето на цревниот систем. Тие го намалуваат ризикот од запек. Запекот од своја страна е причина за зголемување на напонот во вените , што со текот на времето, заедно со други фактори може да доведе до формирање на проширени вени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отстранете го белиот леб од исхраната и очекувајте големи промени!

Одлични извори на растворливи влакна се овес, ленено семе, грашок, грав, јаболка, моркови, јачмен, тиква и други.

Пијте доволно вода

Кога консумирате храна богата со диететски влакна, не заборавајте да пиете и повеќе вода. Инаку овие влакна можат да имаат обратен ефект. Исто така внимавајте и со земање на алкохол, кафе и чај, бидејќи овие пијалоци имаат силно дехидрирачка акција.

Loading...

Јадете храна, која е богата со биофлавоноиди

Биофлавоноидите се група на соединенија кои се среќаваат природно во растенијата. Благодарение на нив, тие гидолжат своите заситени бои, штитат од некои инсекти, болести. Храната богата со биофлавоноиди е зелениот чај, какао, цитруси, шумските плодови, грозјето, оревите и други.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брчки на овој дел од лицето укажуваат на сериозен здравствен проблем!