Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба поднесе оставка како дел од најголемата реконструкција на кабинетот во 30-месечната војна против Русија.
Дополнителни оставки и нови назначувања се очекуваат во наредните денови, откако петмина министри поднесоа оставки вчера, што висок сојузник на претседателот Володимир Зеленски го опиша како „ресетирање“ на владата пред зимата, пренесува Индекс.
Оставката на Кулеба на Фејсбук ја објави претседателот на парламентот Руслан Стефанчук, кој рече дека пратениците наскоро ќе разговараат за барањето.
Парламентот се очекува да гласа за оставките подоцна во среда, што инаку е само формалност.
„Промените се случуваат во клучен момент на конфликт“
Зеленски рече дека промените во владата, кои се случуваат во клучен момент од конфликтот, се неопходни за да се зајакне и да се постигнат резултатите што и се потребни на Украина.
„Есента ќе биде исклучително важна за Украина. И нашите државни институции треба да бидат поставени така што Украина ќе ги постигне сите резултати што ни се потребни, за сите нас“, рече тој вчера.
Руските сили напредуваат во источна Украина.
Киевските сили го нападнаа регионот Курск, а Москва ги засили нападите со беспилотни летала и ракети во последните неколку недели.
Дејвид Арахамија, висок претставник на партијата на Зеленски, вчера изјави дека ќе има „големо ресетирање на владата“ во кое ќе се сменат повеќе од половина од министрите.