Што се случува со нашето тело кога ќе ги откажеме цигарите?

Сподели со своите пријатели

Многу луѓе мислат дека ако човек пуши во подолг временски период, здравјето му е неповратно оштетено. Тоа сепак не е точно така. Минути ќе откако престанеме да пушиме, во нашето тело се случуваат огромни промени.

Loading...

Дваесет минути по откажувањето од цигарите крвниот притисок и пулсот се нормализираат и достигнуваат до показателите на пулс и притисок на непушач.

Осум часа по откажувањето од пушењето нивото на никотин и штетен гас во крвта се намалува на половина, а нивото на кислород се зголемува до нормална вредност.

По дваесет и четири часа белите дробови започнуваат да се чистат од наталожените во нив смоли.

 

 

По четириесет и осум часа во телото не останува никотин. Се опоравува чувствителноста кон вкусови и мириси. По 72 часа дишењето станува послободно, исчезнуваат тешкотиите како отежнато дишење и кашлање. Бронхиите се стабилизираат, нивото на енергија во телото се зголемува.

Loading...

По две недели циркулацијата се подобрува, физичките оптоварувања веќе не бараат толку напори. По девет месеци исчезнуваат целосно тешкотиите со дишењето, обемот и ефикасноста на белите дробови се зголемува со десет проценти. По една година ризикот од инфаркт се намалува двапати.

По десет години ризикот од малигнитет на белите дробови се намалува за половина. По петнаесет години ризикот од инфаркт се намалува до вредноста на непушачите.

Ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар се намалува од моментот на прекинот на пушењето. Колку порано престанете да пушите, толку помалку шанси имаат овие болести да нападне. Пушачите кои ги откажале цигарите пред триесет и петта година, живеат долго и целосно како непушачите.

Leave a Reply