Што се случува кога не ги миеме забите?

Сподели со своите пријатели

На секој му е познат здравиот минимум од миење на забите два пати дневно. Срамната тајна на многу луѓе, сепак, е дека ја пропуштаат оваа важна за здравјето задача.

Loading...

Според стоматолозите, занемарувањето на двапати миење на забите секој ден може да доведе до разни проблеми како разнишани заби, непца што крварат и дури и коронарна болест на срцето, пишува Daily mail.

Тим американски стоматолози открива накратко што точно се случува кога го пропуштиме миењето. На прво место е лошиот здив, кој сериозно може да ги оштети социјалните контакти и да нè дискредитира пред околината.

Ова води и до акумулација на плак и бактерии на забите. Тоа од своја страна доведува до ерозија на глеѓта и губење на забите. Друг проблем е крварењето на непцата, што е поврзано со голем број инфекции во усната шуплина, опасни за целото тело. Потоа доаѓа и пародонтозата која води до губење на забите. Неизбежна последица е и нијансирање на забите, што исто така не зборува добро пред светот за нас и нашата хигиена.

Исхемичната болест на срцето е малку позната, но особено ризична последица од штетната навика. Таа е предизвикана од акумулираните во усната шуплина токсини и бактерии кои влегуваат поназад во телото и се мешаат со крвотокот. Така се поврзуваат со коронарните артерии и ги затвораат, по што се зголемува опасноста од срцев удар.

Специјалистите потсетуваат да не сме мрзеливи и да ја чистиме усната шуплина барем два пати дневно – пред појадок и пред спиење. Тие препорачуваат употреба на паста за заби со флуор. Четката за заби треба да се менува секој месец, бидејќи брзо се загадува. Наместо забите да се тријат напред и назад, четката треба да се движи малку во кружни движења.

Leave a Reply