Што пушат актерите на филмските сцени?

Сподели со своите пријатели

Безбројни филмови, главните и споредни актери ги прикажуваат во чад од цигара или марихуана, но секаок на самиот сет актерите не пушат ништо од тоа.

Една од причините е тоа што внесувањето на опојни средства во организмот може да наштета на работата, па така да се заборави сценариото или да се смејат неконтролирано.

Дополнително во поголемиот број земји марихуаната е илегална па на сцценаристите не им паѓа на памет во сред скап проект да влегуваат во проблеми со законот.

Што тогаш пушат актерите на сетот?

Кога се во прашање цигарите, користат билни цигари кои изгледаат исто како и вистинските, но не се штетни како тутунот, објаснува Џејмс Бачер, експерт за филмски реквизити.

Кога станува збор за сценарио со трева, актерите пушат природни, легални трави кои на екранот даваат дојам на вистински џоинтови, но немаат апсолутно никакво влијание на актерите.

 

Loading...