Што предвидува новиот украинскиот закон за мобилизација?

Сподели со своите пријатели

Украинскиот парламент во четвртокот гласаше за нацрт-законот со кој се менуваат правилата за воено регрутирање, додека Киев се обидува да најде нов персонал кој ќе ги замени веќе исцрпените трупи во борбата против руските агресори.

Loading...

Предлогот мора да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски пред да стане закон.

Еве што подразбираат тие законски измени:

Воена евиденција

Законот ќе ги обврзе Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години да ги информираат воените власти за нивните лични податоци, така што канцелариите за регрутирање ќе можат полесно да видат кој во кој регион може да се мобилизира.

Способните мажи ќе бидат законски обврзани да носат документ за регистрација издаден од регрутната канцеларија во секое време.

На офицерите за регрутирање ќе им биде дозволено да го побараат документот на улица.

Намалени казни

Лицата кои нема да ги почитуваат правилата за мобилизација ќе добијат забрана за возење.

Претходниот нацрт-закон предложи строги казни, како што е замрзнување на имотот за таквите поединци, но тоа беше отфрлено по јавно негодување.

Loading...

Посебниот предлог-закон со кој се предлагаат казни за лицата кои избегнуваат војска го помина првото читање.

Демобилизација

Предлог-законот не предвидува никакво временско ограничување за отслужување на воениот рок, што значи дека војниците кои се борат од почетокот на инвазијата, односно од февруари 2022 година, сè уште не знаат кога ќе бидат демобилизирани.

Претходниот нацрт на законот предложи да се определи временски рок.

Воена регистрација за Украинците во странство

Поради воена состојба, на мажите на воена возраст им е забрането да одат во странство, но нема процедура за повикување на украински мажи кои се надвор од државата.

Сепак, новиот закон предвидува дека од Украинците на кои им требаат конзуларни услуги, како што е обновувањето на пасошот, може да се бара да достават документи за воена регистрација.

Придобивки за оние кои доброволно се приклучуваат на војската

Со предлог-законот се предлагаат финансиски бенефиции за лицата кои доброволно ќе се пријават во војска и ќе потпишат воен договор.

Конкретно, овие бонуси може да вклучуваат потврда за купување возило и финансиска помош за првите плаќања на хипотека.

Други прописи

Законот ќе ја укине задолжителната воена регрутација за возрасни Украинци, која ќе биде заменета со основна воена обука, почнувајќи од септември 2025 година.

Loading...

Една нова одредба во нацрт-законот ќе дозволи воена служба за лица кои се осудени на условна казна.

На осудените во моментов им е забрането да служат воен рок.

По мобилизацијата, сите мажи мора да поминат задолжителна обука пред да бидат испратени во борбената област.

Во некои случаи, властите би можеле да одземат возила од граѓани и бизниси за воена употреба.