Што откри истрагата за смртта на 9.000 деца во ирските црковни домови?

Сподели со своите пријатели

Католичката црква, овој пат во Ирска, се соочува со ужасните резултати од истрагата за бруталноста и мизогинијата со која се соочуваат невенчаните млади жени со децении, со смрт на дури 9.000 новороденчиња во sидовите на 18 институции наречени домови за мајки и деца.

Loading...

Ирската влада го одобри објавувањето на финалниот извештај за истрагата, изјави вчера Родерик О’Горман, министер за деца и млади.

„Извештајот јасно покажува дека Ирска со децении има угнетувачка и брутална мизогинистичка култура, во која стигматизацијата на мајките и нивните деца им ја одзема иднината“, рече О Горман, нарекувајќи го извештајот на 2.865 страници значаен момент за нацијата.

 

 

– Во следните недели и месеци, владата многу внимателно и детално ќе го разгледа извештајот со цел да развие сеопфатен акционен план кој опфаќа осум теми: пристап кон преживеаните, извинување, пристап до лични податоци, архивирање и база на податоци, едукација и истражување, меморијализација, ресторативно признавање и достоинствено погребување – забележа тој.

Премиерот Мајкл Мартин рече дека извештајот опишува многу темно и тешко поглавје во ирската историја.

Loading...

– Како држава, мора да се соочиме со целосната вистина од нашето минато – рече тој и додаде дека „тешката вистина е дека целото општество беше соучесник“ во овој скандал.

 

 

– Ова си го сторивме самите на себе, се однесувавме крајно лошо кон жените, крајно лошо се однесувавме кон децата – рече тој.

– Имавме целосно изопачен став кон сексуалноста и блискоста, а младите мајки и нивните синови и ќерки беа принудени да ја платат ужасната цена на таа изопаченост. Како општество, ние прифативме перверзен верски морал и контрола – рече премиерот.

Leave a Reply