Што можете да јадете навечер, а да не се здебелите?

Сподели со своите пријатели

Без оглед на тоа колку внимавате што јадете, се случува понекогаш да огладнете и навеер. Не е препорачливо да го наполните стомакот навечер, но од друга страна, не е некоја опција и гладни да легнете во креветот.

Еве што во такви ситуации можете да јадете.

Loading...

Зошто не можеме да му одолееме на чипсот?

Пуканки

Можеби ќе ве изненади фактот дека пуканките се едни од најздравите грицки. Содржат малку калории, околу 122 калории на порција од 30 грама.

Пуканките содржат и малку масло, а доста влакна, поради што се одличен избор кога ви се јадат грицки.

– Тоа се цели житарици, кои содржат и влакна кои се добри за здравјето на органите за варење, вели дијатетичарката и нутриционист Кариса Белерт.

Со чај од коприва против анемија, воспаление и прелада

Морков

Покрај тоа што е добар за видот, морковот е идеален за јадење навечер.

Loading...

Дијатетичарката Ејми Горин вели дека овој зеленчук е добар извор на хранливи влакна, витамин А и калиум. Исто така, содржат и алфа-каротен за кој се верува дека има добро влијание на спиењето.

Горин вели дека морковот е добро да се јаде навечер поради тоа што е потребно доста да се џвака, а и крцкав е, поради што е добра алтернатива за грицки.

Овие шест знаци укажуваат на проблеми со црниот дроб

Грчки јогурт

Јогуртот е одличен извор на калциум, поради што се поврзува со подобар сон кога се јаде навечер. Исто така е добар извор на протеини, кои ќе ве заистат.

И не само тоа, грчкиот јогурт е богат со протеинот касеиун, кој кога се консумира навечер го намалува чувството на глад науро, докажале студиите.

Сирење

Сирењето со намалена содржина на масти е одличен извор на протеини, а плус ќе ви го забрза метаболизмот.

Мирисот на рузмарин го подобрува памтењето

Научниците од Универзитотот на Флорида твдат дека консумирањето 30 грама протеини половина час пред спиење може да има позитивно влијание на мускулите, метаболизмот и општото здравје.

Loading...

За да го тестирате ефектот на косумирање на цели намирници наместо синтетички протеини во шејковите или суплементите за слабеење и заздравување на мускулите, научниците ангажирале група активни жени во дваесетите години, кои секоја вечер јаделе тврдо сирење 30 до 60 минути пред спиење.

Пет совети како да бидете здрави и сити

Откриле дека, бидјеќи содржи малку јаглехидрати и доста протеини, добро влијае на метаболизмот и заздравувањето на мускулите.

Предноста е во тоа што поспоро се вари, па енергијата полека ќе се ослободува во текот на ноќта, што има добро влијание и врз спиењето.


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *