Што мислите? Дали постои љубов на прв поглед?

Сподели со своите пријатели

Истражувањата покажуваат дека луѓето ги користат своите интуитивни вештини за брзо да проценат соодветен партнер.

Loading...

Кога ве привлекува некоја личност, почнувате емотивно да се врзувате за неа. Таа почетна привлечност се нарекува „љубов на прв поглед“ поради нејзиниот интензитет и напливот на силни емоции низ кои поминувате тогаш.

 

 

 

На прашањето дали е можно да се заљубите на прв поглед, одговорот е јасен: ДА. Ако некој се поклопува со верзијата на идеалната личност во нашата глава, можеме да доживееме чувство кое на прв поглед изгледа како љубов.

Вие всушност ќе се заљубите во идејата за некого и ќе сакате малку подобро да ја запознаете таа личност. Сепак, оваа физичка и хемиска привлечност не треба да се меша со вистинска љубов, бидејќи само погледот не е доволен за да се воспостави длабока врска со некого.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!