Што ќе се случи ако секојдневно пиете само по една чашка ракија?

Сподели со своите пријатели

Пиењето ракија не е само еден вид доказ за мажественост, ниту пак во случај на пиење квалитетна ракија статусен симбол.

Loading...

Конзумирањето ракија може да донесе неколку здравствени придобивки – секако, доколку не претерате со количините.

Ако поубавата половина или некој ве нападне дека се дружите со ракијата, дајте ѝ еден од овие аргументи.

Го продолжува животниот век

Проголемото количество ракија, и кој било друг алкохол, дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерена количина може да го продолжи. Тоа е затоа што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главната причина за староста.

Го ублажува стресот

Ако ја пиете умерено, ракијата делува на нервниот систем, па ве опушта. Повторуваме – само ако пиете умерено.

 

 

Loading...

Го намалува ризикот од мозочен удар и срцев удар

Добрата работа кај ракијата е што го спречува создавањето на наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем и ви помага да ја намалите количината на холестерол. И сето тоа драстично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Помага во спречување на настинки

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да биде одличен сируп против кашлица. Алкохолот исто така помага да се убијат сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее

Еве еден одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и од некои „природни“ сокови, ракијата е нискокалоричен алкохол! Пиењето ракија го намалува холестеролот во крвта и не ја зголемува тежината.