Што ги очекува хороскопските знаци по пандемијата?

Сподели со своите пријатели

Пандемијата на коронавирост што го зафати светот ги запре сите планови и кај нас, а на многумина по вонредната состојба најтешко им падна социјалното дистанцирање и домашната изолација.

Loading...

Како астролошките знаци се справуваат со оваа тешка состојба, но и што ги чека по завршувањето на епидемијата, дознајте во продолжение.

Близнаците најмногу испраќаат голи фотографии, а еве како реагираат останатите хороскопски знаци

Овен

Заштитени сте во овој период затоа што сонцето е егзалтирано во вашиот знак. Вие сте дисциплинирани и ги следите упатствата и однесувањето за време на епидемијата. По епидемијата, ќе имате стабилизација и многу работа, но и реализација на големи планови кои сега се запрени.

Бик

Лоша позиција поради Уран во знакот на Бик. Бурен период за време на епидемијата кога станува збор за финансиите, како и за инвестициите. Борба за да се ослободите од старите навики. По епидемијата, обидете се да се трансформирате. Се иде кон подобро.

Близнаци

Loading...

Можеби вашите мисли се насочени кон емоциите. Внимавајте на парите и трошењето за време на оваа состојба. По овој тежок период, ќе видите буквална светлина на крајот на тунелот. Закрепнувањето економски ќе ве чини, но со помош на пријатели или деловни соработници.

Хороскопски знаци кои е невозможно да ги задржите во врска

Рак

Добра е состојбата кај вас. Вие се заштитувате и сте во предност од многу други знаци затоа што детално го испланиравте вашето време. Прочитајте повеќе и опуштете се колку што можете повеќе. Откако ќе заврши епидемијата, ќе ви се отворат некои нови можности. Можеби има и некаков влез во нова врска.

Лав

Општа внимателност, затоа што не е време да се размислува за инвестирање. Размислете помалку за планираните патувања. Кога ќе се смирува сегашната состојба, не трошете многу пари за патувања и остварување. Крајот на годината ќе биде многу посреќен, затоа размислете за тој период.

Девица

Честопати во неволја, за време на овој нималку лесен период. Не доживувајте толку трагично сè што се случи. Девиците во суштина не се свесни за проблемите во кои се наоѓа светот. Тековните околности може да ве натераат малку да размислите за вашите деловни практики, како и за тоа како се однесувате кон вашата сакана личност.

Loading...

Кои се најопасните хороскопски знаци според статистиката на ФБИ?

Вага

Во најголем дел сте во ред затоа што секогаш гледате излез од сите ситуации. Следете ги правилата. По епидемијата, вториот дел од оваа година носи промени на емотивен план. Проблемите се можни и преку правни и аспекти кои ги носи јавноста, јавното мислење.

Скорпија

Имате проблеми со вас затоа што се чувствувате безнадежно додека се преземаат мерки за заштита на населението. Може да има поголем стрес, но обидете се да се организирате и да не ширите негативна енергија на вам драги луѓе. Кога епидемијата ќе заврши, проблеми поврзани со работата може да се појават во текот на втората половина на годината и може да имате повеќе стрес од ова.

Стрелец

Ова е навистина лоша година за вас. Вие ќе можете многу лесно да ја издржите на сегашната состојба затоа што сте одговорни. Обидете се да ги разберете луѓето кои се малку во паника. Почнувајќи од мај, љубовниот јазол ќе ви донесе турбулентна година. Вие се потпирате повеќе на помошта на другите луѓе отколку на вашите активности. Побарајте помош и ќе добиете, затоа што не е срамота ако не можете сами да направите сè.

Сакате врска полна со авантура? Овие хороскопски знаци се идеални партнери за вас

Loading...

Јарец

Тешки години за многу членови на овој хороскопски знац. Повеќе проблеми во овој период се должат на вашето навраќање и размислување. Имавте многу емотивни тешкотии во минатото, па тоа ве мачи. Може дури и да стапите во контакт со вашиот поранешен парнер, но не потпаѓајте на лажните ветувања поради чиста досада. После ова имате успех во однос на работата и добро здравје.

Водолија

Новата ера на Сатурн ќе ви донесе промени. Сега не земај сè здраво за готово. Вие ќе бидете одговорни и, по епидемијата, ќе бидете повеќе свесни за вашите одлуки. Трансформацијата е пред вас. Во самоизолација ќе направите се што досега не сте сториле. По епидемијата, се очекува да се преселите, да го смените местото на живеење.

Риби

Вие не гледате на вирусот сериозно. Не ја прифаќајте наивно оваа состојба, за да не се покаете. Имате нереални мисли, фантазии. По овој тежок период, постојат шанси да успеете во деловните води, но засега извадете ги розовите очила. Кога сè ќе се врати на свое, ќе започнете да гледате на се околу вас потрезвено.

Loading...

Leave a Reply