Секој ден во неделата има многубројни значења. Има „добри“ и „лоши“ денови, па и децата родени на овој или оној ден се горе-долу такви.
Еве што датумот на раѓањето, според народните верувања, зборува за вашиот живот.
Понеделник
Понеделник е првиот ден во неделата и се смета воедно за најсреќен. Се вели дека детето родено во понеделник ќе има долг и успешен живот.
Бидејќи тогаш започнува нова недела, овој ден е идеален за започнување бизниси. Христијаните веруваат дека Бог го започнал создавањето на светот во понеделник, па затоа е добро и човекот да започне значителен зафат токму на овој ден.
Вторник
Вториот ден во неделата се смета за најнесреќен ден, па и луѓето родени тогаш нема да имаат лесен живот. Во вторник, според преданијата, „и волците го чуваат крзното“. На овој ден не е убаво да се започнува никаква работа, затоа што е баксузен, па и бизнисот ќе тргне на лошо.
Среда
Посебно повеќекратна значење има среда. Овој ден може да се започнуваат бизниси и да се движи по патот. Се верува дека родените на овој ден ќе бидат напредни и здрави. Детето кое започнува да оди во среда ќе биде среќно и богато.
Четврток
За четвртокот се вели дека е среќен ден. Според верувањата, многу е добро, детето да се роди на вака среќен ден затоа што во животот ќе биде среќно и успешно.
Овој ден во минатото биле започнувани работите на ниви. Бидејќи во предхристијанското време се славел денот на плодноста, и денес се верува дека работите во полето, но и склопување на брачна заедница треба да се случат во овој ден.
Петок
Петок, според народните верувања, е еден од несреќните денови. Освен тоа, во некои преданија ќе сретнете, дека овој ден е „нечист“ и погоден да се дојде во допир со „демонски сили“. Затоа се вели, кога некому му оди лошо во животот, дека дошол „црниот петок.
Сабота
Сабота е ден посветен на мртвите. Тогаш се излегува на гробишта, се палат свеќи.на овој ден човекот треба да биде внимателен да не му се случи било какво зло.
Верувањата велат дека дете родено во сабота ќе биде необично, но токму затоа и имуно на „зли жици“. Се вели дека, родените во овој ден имаат способност на го научат јазикот и така да разговараат со животните. За вакво дете се верува дека е видовите и дека може да го види она што другите не можат.
Недела
Неделата е ден за одмор. Бог, според христијанските верувања, шест дена го создавал светот и тогаш седмиот во недела, седнал да одмори и да ужива во плодовите на својата работа. Поради тоа и во народот многу верувања се поврзано за овој ден, а кои се однесуваат на одморот и минувањето на времето со семејството.
Недела старите ја замислувале како женско суштество – Света недела. Човекот роден во недела ќе биде исклучително среќен.