Што да вечерате, ако сакате да изгубите или качите тежина?

Сподели со своите пријатели

Многу диетолози советуваат да ја прескокнете вечерата, ако сакате да изгубите тежина.Други пак се на мислење дека таа е исто толку важна, колку појадокот. Факт е дека последното јадење на денот треба да биде најлесно и барем неколку часа пред спиење, за да може вашиот стомак да го свари.

А еве и што треба да содржи тоа според експертите Стефани Кларк и Вилоу Џарош во случај да сакате да ја намалите или зголемите тежината.

Loading...

Калории

Ако сакате да изгубите тежина, вечерата не треба да содржи повеќе од 450 калории.Во случај дека сте активен спортист или работите за зголемување на килограми, потребни се 550 калории.

Јаглехидрати

Не плашете се дека нема да успеете да ги согорите јаглехидратите кои ги консумирате на вечера. Нутриционистите препорачуваат 45-55% (околу 75 г) од храната при последниот оброк во денот да биде од јаглехидрати. Ако тие се вклопуваат во наведениот погоре калориски пример, нема да имате проблем.

Протеини

Вечерната доза протеини треба да е 20-25% од целата вечера (20-25 г).

Масти

Loading...

Тие логично се во износ од најмалку – во рамките на 15-20%. Најдобра опција за вечера се растителните масти наместо на тешкото сирење, кашкавал или сончогледово масло. Може да ги замените овие производи со ореви, авокадо, маслиново масло.

Влакна

Препорачаната дневна доза е 25.

Шеќер

При диетите е подобро да консумирате минимално количество шеќер, т. е. до 7 грама на вечера.

Кога е најдобро да вечерате?

Тоа зависи од тоа дали консумирате ужина и во колку часот одите на спиење. Имплицитно правило е дека треба да вечерате 2-3 часа по попладневниот оброк и најмалку 2 часа пред спиење. Како оптимална опција диетолозите го препорачуваат 18-19 часот.


Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.