Што да направите на првиот состанок за да ја освоите?

Сподели со своите пријатели

Првиот состанок знае да биде напнат сам по себе, па не би требало дополнително да го комплицирате. Еве што жените им порачуваат на мажите за тоа како би требало да се однесуваат на првото излегување.

Првите излегувања не се едноставни. Потребно е да обрнете вимание на она што ќе го облечете, да смислите што ќе зборувате и слично.

Loading...

Корисничките на „Редит“ споделиле совети што мажите всушност треба да направат на првиот состанок за да ги воодушеват и „задржат“.

Мажите тврдат дека жените се премногу комплексни, а жените дека мажите не обрнуваат внимание на она што го зборуваат и сакаат.

 

 

Често изгледа дека тврдењата „Мажите се од Марс, а жените од Венера“ се точни. Тоа зборува дека овие два пола никогаш целосно нема да се разберат.

Страницата „Men’s Health“ собрала неколку кратни изјави од „Редит“ во надеж дека ќе им помогне на сите на кои им е потребна поддршка околу првото излегување.

– Се сети на ситниците за кои сум зборувала, дури и откако јас заборавив на нив. Исто така, ми пиша веднаш по излегувањето. Рече дека знае оти сум излегла од една врска и дека ми е потребно време за себе, но дека би сакал да ме види повторно, рекла една од жените.

Loading...

Истакнала дека на жените им е многу значајно кога ќе забележат дека мажот внимателно ги слушал. Јавувањето по излегувањето и прашања повторно да се видат укажува на тоа дека не сака да се впушта во игри, односно дека ве сфаќа сериозно.

– Не играјте игри. Ако излегувањето ви се допаднало, веднаш потоа прашајте за следното. Сакам кога мажите ме прашуваат длаи безбедно сум стигнала дома и дали се е во ред, додала друга користничка на „Редит“.

 

 

Самодовербата е препорачлива, фалењето никако.

На жените им пречи ако забележат мала доза на нервоза кај мажите, на некои тоа дури им е многу симпатично, се наведува во тврдењата на корисничките на оваа социјална мрежа.

Приказната ја заклучуваат со тврдење дека сакаат мажите да ги слушаат, да паметат важни работи за кои им зборувале и да бидат директни и отворени со нив.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *