Што би се случило кога Сонцето „би умрело“? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите добри работи мора да го доживеат својот крај, па дури и нашето Сонце, кое го одржува животот на Земјата.

Loading...

За да го илустрира ова, ЕСО сподели една застрашувачка визуелизација која покажува што ќе се случи кога нашата ѕвезда ќе згасне.

Ѕвездите се исполнети со водород што гори со извонредна брзина, а кога гасот ќе го снема, тие се прошируваат во гигантски „црвени дивови“, „цицајќи“ се што ќе им се најде на патот.

Во случајот со најновото видео на ЕСО, ова ја вклучува планетата Земја.

Само прашање на време е пред нашето Сонце да стигне до оваа фаза од својот живот, што ќе се случи за околу пет милијарди години, така што во моментов нема причина да се паничи за „Судбоносниот ден“, пишува Спутник.

Овие црвени гиганти на крајот ги носат своите надворешни слоеви, оставајќи ги зад себе своите изгорени, ултра густи јадра, кога се нарекуваат „бели џуџиња“.   https://youtu.be/bDYVUSaIpWw