Штип ќе исплати 832.635 денари на партии и на независни советнички листи за локалните избори

Сподели со своите пријатели

Општина Штип на политичките партии и на независните советнички листи и кандидати за градоначалници, кои учествуваа во локалните избори ќе им исплати вкупно 832.635 денари. Трајче Цветков од Одделението за финансии во Општина Штип вели дека за советничките листи ќе се исплатат 406.020 денари.

– На СДСМ и коалицијата со освени 13.471 глас ќе им се исплати 202.065 денари. Коалицијата со ВМРО ДПМНЕ има 12.973 гласа или имаат 194.595 денари и политичката партија Левица со освени 624 гласа или имаат 9.360 денари, вели Цветков.

Што се однесува за кандидатите за градоначалници на политичките партии и за независните кандидати, кои имаа два изборни круга Општина Штип треба за освоените гласови вкупно да им исплати 426.615 денари.

– Додека за изборот на градоначалник, коалицијата на СДСМ има освоено 15.078 гласа, односно 226.170 денари, коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ има 13.363 гласа или 200.445 денари, листата на независни кандидати на Раман Демиров се уште нема поднесено барање, рече Цветков.

Тој додаде дека овие средства ќе бидат исплатени на политичките партии и на независните советнички листи и кандидати за градоначалник од буџетот на Општина Штип, согласно законската норматива, а подтаоците се добиени од Општинската изборна комисија-Штип./МИА


Leave a Reply