Шпигел: Германија купува четири подморници за 4,7 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус има намера да купи четири подморници, вредни 4,7 милијарди евра, кои прво треба да ги одобри парламентарната Комисија за расходи, пишува денеска „Шпигел“.

Loading...

Во барањето доставено до Комитетот за доделување средства, Министерството за одбрана наведува дека подморниците се набавуваат по барање на НАТО.

Набавката на подморници е неопходна за Германија да ги исполни барањата на НАТО за подобра заштита на северното крило на Алијансата, наведува германскиот весник врз основа на увидот на доставениот документ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужнокорејските власти повикаа на суспензија на претседателот