Шпанија: Косово не е дел од процесот за проширување на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Само недела дена пред усвојувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ за земјите од Западен Балкан, Шпанија ја доведе во прашање не само стратегијата, туку и целиот процес поради острото спротивставување за вклучување на Косово во било кој процес кој остава впечаток дека земјата се третира како држава, пишува „Коха диторе“.

Во писмото во форма на „non paper“ кое Шпанија го достави пред усвојувањето на стратегијата, земјата се спротивставува за употребата на терминот WB6, што е кратенка за шест земји од Западен Балкан и истакнува дека „Косово не е дел од процесот за проширување“.

Ако се земат предвид забелешките на Шпанија, според наводи на „Коха диторе“, тогаш Стратегијата за проширување на ЕУ, наместо поддршка, уште повеќе ги гаси надежите за верување во процесот за проширување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.