Шпанија испраќа во Украина генератори за производство на струја

Сподели со своите пријатели

Владата на Шпанија објави дека ќе испрати пет генератори за производство на електрична енергија во Украина, каде руските напади врз нејзината структура на електрична енергија оставија повеќе од 1.000 градови без струја, што ја принуди владата да воведе ограничувања на целата територија на земјата.

Loading...

„Со оглед на неодамнешните напади Министерството за одбранаведнаш ќе испрати генератори во оваа земја“, се вели во соопштението на шпанската влада.

Станува збор за четири генератори со моќност од 400 киловати и еден генератор со моќност од 150 киловати кои припаѓаат на шпанското воено воздухопловство.

Опремата ќе биде префрлена „во следните три дена по копно во логистички центар“ во Полска, од каде потоа ќе биде испратена во Украина, се додава во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Околу 40 отсто од електроенергетскиот капацитет на Украина е исклучен во последните неколку дена поради рускиот напад со проектили и камиказа дронови.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.