Шпанија брои нови 743 смртни случаи

Сподели со своите пријатели

Шпанија денеска објави дека 743 луѓе починале во земјата во изминатите 24 часа поради коронавирусот.

Loading...

Тоа е пораст на починатите прв пат по четири дена, со што вкупната бројка на починати лица во земјата е 13.798, соопшти Министерството за здравство.

Патем, Шпанија е втора најтешко погодена земја заради коронавирусот во светот, по Италија.

Во Русија скоро 7.500 заболени од коронавирусот

Заразени се вкупно 140.510 лица.

Претставници на Министерството за здравство соопштија дека смртните случаи што се случуваат во текот на викендот, честопати се регистрирани денови подоцна, што може да го објасни зголемувањето.

Leave a Reply