Шпанец тврди дека живее во 2028 година: „Сите се исчезнати, само јас преживеав, страв ми е…“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Јас живеам во 2028 година. Не сум видел другa жива личност 340 дена. Сите се исчезнати“, вели во една од неговите снимки блогерот и тиктокер кој се претставува само како Хавиер.

Loading...

Овој човек тврди дека во иднина останал сам, а како доказ објавува фотографии од празните улици на својот град.

Валенсија, еден од најубавите шпански градови, е целосно празна на неговите фотографии кои заинтригираа дел од помладата публика да се „закачи“ на објавите на Хавиер.

 

 

Во моментов на социјалните мрежи го следат повеќе од 6,5 милиони. луѓе, пишува Мирор.

Тој тврди дека во иднина сѐ уште има струја, како и дека е достапен интернетот, па може да објавува содржини на интернет…

Loading...

– Сум бил во многу градови. Барселона, Малага, Мадрид… Сите се празни. Што ми се случува, зошто јас? – прашува тој во една од најпопуларните снимки.

 

 

Тој бара помош од своите следбеници.

– Не знам зошто сум заглавен во ваква иднина. Јас сум исплашен. Денеска успеав да најдам нешто за јадење, но кој знае за понатаму… Кажете ми дали можете да ми помогнете на некој начин – заплака Хавиер.

Повеќето ги пофалија неговите снимки, признавајќи дека уживаат во нив, но дека се свесни дека сето тоа е лажно.

 

Loading...

 

Сепак, малкумина корисници на интернет веруваат во приказните на Хавиер.

– Човекот има стотици снимки. Од плоштадите, од музејот, од плажата, од брегот… На нив нема луѓе. Не знам што друго ти треба како доказ“, пишува во еден од коментарите.

 

@unicosobreviviente #Pesadilla ♬ Watercolor Eyes – From “Euphoria” An Original HBO Series – Lana Del Rey